Македонија 08. април 2019. / 21:47

Река: Јас велам република, а не општество за сите

Река: Јас велам република, а не општество за сите

Кандидатот за претседател Блерим Река, вечерва од Теарце ги истакна своите чекори кои ќе ги направи доколку ја добие довербата да биде претседател на државата. Тој рече дека ќе се залага да има државен систем кој ќе биде добар за сите.

-Јас велам република, а не општество за сите. Македонија не е држава за сите. Како претседател и врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помогне во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА. За нив тука низ разговори разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против Албанец“-истакна Река.