Река за Републиката не е само предизборна порака, туку концепт за сите граѓани, истакна кандидатот за претседател на коалицијата БЕСА и Алијанса за Албаниците, на митинот што се одржа вечерва во Центарот за култура во Струга.
Една Република за сите во која ќе владее законот, а не поединецот, со СЈО според првичниот концепт, Република без политизирано судство, со неполитизирана јавна администрација, која ќе се бори против корупцијата и тендер патриотизмот, рече Река.
Ова се многу важни избори затоа што новиот престедател ќе ја води државата во НАТО и низ процесот на преговори за ЕУ, а професорот Река е најдобар кандидат за таа мисија, истакна лидерот на БЕСА, Билал Касами.
Пред присутните на митингот во Струга се обрати и лидерот на Алијансата за Албанците Зиадин Села. Претходно карванот на Река го посети Охрид.