Македонија 17. април 2019. / 22:49

Река до Пендаровски: Дали сте среќен што ве поддржува ДУИ кои 11 години беа дел од режимот?

Река до Пендаровски: Дали сте среќен што ве поддржува ДУИ кои 11 години беа дел од режимот?

Кандидатот за претседател Блерим Река, вечерва го остави Стево Пендаровски без зборови. Тој го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да и зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски кој се поврзувал со режим, криминал, а во исто време него го поддржуваат две партии кои биле дел од таа Влада.

Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од режимот на Груевски?
Дали е среќен што Имер Селмани е дел од неговата кампања?
Мендух Тачи ја води добро вашата кампања, а е осуден за изборни нерегуларности

Јас сум прв кандидат етнички Македонец поддржан од партии од сите етнички заедници во земјава. – рече Пендаровски и се задржа за Имер Селмани, дека тој не ја води неговата кампања , – рече Река.

И при вториот обид на Река да добие одговор на прашањата, Пендаровски се обиде да го заобиколи одговорот, па ги спомена Титанки 1 и Титаник 2, но, како што кажа Силјановска Давкова, го заборава Титаник 3.