На синоќешниот митинг во Струга кандидатот за претседател на Алијанса на Албанците и Беса, Блерим Река испрати неколку пораки.
Приближување на Република Северна Македонија кон Европската Унија, но и држава без дискриминација во која владее законот, како и продолжување на работата на Специјалното јавно обвинителство се дел од пораките.
Доколку биде избран за Претседател на државата, тој пред Стружани посочи дека ќе ги реши сите проблеми со соседите. Денеска река се среќава со жителите на Куманово.