Македонија 22. февруари 2019. / 20:51

РЕК Битола фатени во лага: Дефектот го претставуваат како “надградба на капацитети”

РЕК Битола фатени во лага: Дефектот го претставуваат како “надградба на капацитети”

Дефект се случил утринава во првиот блок на РЕК Битола, во кој настанал хаос. Дефектот по кој блокот е исклучен во јавноста беше прикажан како “исклучување поради надградба на капацитетите” – дознава Лидер од извори во компанијата.

Вработен во РЕК сведочи за настанот и Економски Лидер вели дека се случил дефект на колекторскиот систем, по кој итно се пратило соопштение за наводна “надградба на капацитетите”.

-Утринава настана дефект на колекторскиот цевковод на БЛОК 1. Жива среќа што го исклучија порано, инаку ќе настанеше целосна хаварија. Потоа веднаш во паника пратија соопштение до медиумите дека наводно се работи за планирано исклучување на блокот. – сведочи за Лидер вработен кој бил сведок на настанот.

Во брзање, од РЕК Битола во соопштението дури го утнале блокот кој е исклучен, па наместо Блок 1, напишале Блок 2.

Во манипулативното соопштение од РЕК Битола рекоа дека од денеска ќе го исклучат Блок 1 кој повторно ќе биде вклучен во мрежата в понеделник. Што е индикативно, ако се знае дека токму најмалку два дена трае сервисот, се поставува прашањето зошто порано не соопштиле?

Исклучувањето, како што рекоа од АД ЕЛЕМ, е заради зајакнување на неговата оперативност.

Како што наведуваат во соопштението, производството на електрична енергија продолжува од останатите два блока на РЕК Битола.

Целокупните потреби од електрична енергија во периодот додека Блок 1 е икслучен, АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи и од хидроенергетскиот потенцијал, како и останатите производствени капацитети на компанијата – наведоа од АД ЕЛЕМ.