Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот. Според податоците на Институтот за јавно здравје , регистрирани се 106 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податовите од 10-ти април.
Позитивни на корона вирус се здравствени работници од Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници заразени со корона вирус регистрирани беа и на Клиниката за кожни болести, Клиниката за кардиологија, за Инфективни болести, кај Итната медицинска помош, Здравствениот дом Скопје, Заводот за рехабилитација во Скопје, болницата во Куманово, приватната болница од Битола „Плодност“…