Македонија 27. март 2020. / 12:58

Регистрирани 18 новозаболени со корона вирус во Македонија

Регистрирани 18 новозаболени со корона вирус во Македонија

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ профил.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2) и во Гостивар (1).

Вчера од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби беа испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат. Со ова во земјата досега има тројца излекувани пациенти и три лица починаа.