Македонија 20. март 2020. / 13:50

РЕДАКЦИСКИ КОМЕНТАР: Што прави министерот Роберт Поповски со државни пари на сред „КОРОНА КРИЗА“

РЕДАКЦИСКИ КОМЕНТАР: Што прави министерот Роберт Поповски со државни пари на сред „КОРОНА КРИЗА“

Ако ноќта важи за тивка тогаш Роберт Поповски е потивок од нејзе и човекот како да заборави да зборува кога стана збор за реалноста во која се наоѓаме.

Роберт Поповски со неславен прекар „Пушинела“ (независно што можеби не му се бендисува, но прекар се дава за нешто што е вистина) наместо против корона тргна да реди етикети на оние кои ја критикуваат Владата за справувањето со пандемијата. Ако на министерот за транспарентност не му се бендисува транспарентната критика тогаш може да се прогласат министрите за свети крави или доживотни маршали, по примерот на Тито, а може да се изгласа и декрет во воени услови во секое училиште да се постави слика на другарот Заев, но не ќе да е толку розево, зашто од црнилата кои ги донесоа нема ништо друго.

Нели е црно, што по признание на неколку новинари, се јавувал министеров пушинела по редакции да нарачува текстови и напади против Александар Николоски кој единствено што кажа беше, а ние сите го знаеме, но и го чувствуваме на своја кожа: дека Заев и Филипче се неспособни, тотални аматери кои не знаат и не сакаат да учат. Па, освен тоа што коронава се шири има ли поголема вистина од тоа што Николоски го кажа?! Но, оваа вистина Поповски сака да не се дознае и затоа платените новинарски „курајбери“ (ова не е навреда, туку своевиден еуфемизам на менталната хигена на споменатите) се затрчаа да напаѓаат и да ги оправдаат парите на газдата заедно со се што носи газдата, еден поголем багаж. Човек да не знае што е полошо, дали коронава или морето лажни вести на Роберт Поповски.

А, нивната реакција е бурна затоа што и вистината е болна. Среде корона вирус си прогласија вонредна состојба за да може Пендаровски, кој редовно како утринско размрдување, по два пати на ден го пуштаат низ вода, да ги земе сите надлежности во негови раце и да одработи две-три закончиња, меѓу кои и оној за марихуаната на „батето“ кој работи по принципот, ако се паѓа од власт, барем машки да се издржи со милионите, значи не е проблем што коронава се шири, важно бизнисот да се шири повеќе од короната.

И сега еве навистина и да сакаме да го заштитиме Филипче и да го направиме ќејфот на министерот Пушинела не можеме, затоа што го демантираат бројките, а тие говорат дека работите му избегаа од контрола и сега вирусот се шири и на места каде немаше информации дека постои. Вчера Штип, денес Кавадарци, утре Струмица, ама важно и денес, утре и задутре, Филипче како Бранка Станковска од наше време ќе излезе да презентира вести. Но, народот вели „не сака молитва туку мотика“ и затоа е подобро да се фатат за работа, зошто работава ич не чини. А министерот Пушинела наместо стикери за Филипче треба да брои денови за пакување, зошто и по пакувањето ќе треба да се погледне во огледало, секој пред своето, а некој и пред туѓото.

Редакциски коментар