Редакцијата на Лидер се извинува за објавување на лажна вест на македонскиот вицепремиер Љупчо Николовски.
Се работи за вест што дежурниот новинар ја преземал од лажен профил на Љупчо Николовски.
На социјалните мрежи орбитираат многу лажни информации, но ние во иднина ќе се трудиме да ги препознаеме само оние кои се точни и проверени. Токму затоа веста која беше објавена на нашиот веб сајт е веќе избришана, како и од нашата Фејсбук страница.