Македонија 13. февруари 2021. / 23:44

Редакцијата на Лидер со извинување до Дамјан Манчевски

Редакцијата на Лидер со извинување до Дамјан Манчевски

Редакцијата на Лидер се извинува за објавување на лажната вест за поранешниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Се работи за веста објавена под наслов „И Мачевски на СДСМ ги критикува градските служби“ што дежурниот новинар ја преземал од објава на социјалната мрежа твитер, без притоа да ја провери веродостојноста на објавата, односно дека фотографијата на Манчевски датира од 19 јануари 2017 година.

На социјалните мрежи кружат многу лажни информации, но ние во иднина ќе се трудиме да ги препознаеме само оние кои се точни и проверени преку целосно запазување на професионалните стандарди.

Токму затоа веста која беше објавена на нашиот веб сајт е веќе избришана, како и од нашата фејсбук страница.