Денеска опозицската партија одржа протест пред Владата на Република Македонија. На тој протест Мицкоски го обвини Заев за многу работи, а тие стигнаа по неговото скандалозно интервју за БГНЕС. По овој протест, се јавија и СДСМ со реакција.
Во нивната рекација објаснуваат што е хистерија и велат дека Мицкоски е хистеричен.
– Хистерија по сите дефиниции е карактеристика на нервно растројство. Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ. Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски, велат од владејачката партија.
Понатаму тие велат дека нема да му успеат овие обиди на Мицкоски и дека тој уште долго ќе остане во опозиција.
– Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет. Мицкоски, граѓаните често те прашуваат зошто си толку деструктивен по државните и национални интереси а ти не знаеш што да одговориш. Одговорот е едноставен: Ти самиот не знаеш и не можеш да понудиш ништо, затоа што немаш став. Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата, реагираат од СДСМ.