Македонија 28. октомври 2019. / 15:47

Разрешен директорот на Музеј на Македонија

Разрешен директорот на Музеј на Македонија

Министерот за култура, Хусни Исмаили го разреши директорот на Музејот на Македонија Гордан Николов, потврдија за САКАМДАЖАМ.МК од Министерството.

-Директорот Гордан Николов е разрешен поради утврдена работа спротивна на Законот за култура и на Законот за музеите, како и на Статутот на установата, а по извршен вонреден инспекциски надзор од овластени инспектори за културата, велат од кабинетот на министерот Исмаили за СДК.мк.