Македонија 17. септември 2019. / 15:09

Разговорот меѓу Мицкоски и Пендаровски во фокусот на годишната прослава на ССК

Разговорот меѓу Мицкоски и Пендаровски во фокусот на годишната прослава на ССК

На традиционалната годишна прославата што вчера ја одржа Сојузот на стопански комори присуствуваа многумина гости од јавниот живот, политичката сцена, бизнис-секторот…

Покрај останатото, привлече внимание дијалогот меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кои се уште немале ниту една официјална средба по изборот на Пендаровски за шеф на државата.

За време на предизборната кампања, тој најавуваше дека целта му е првото кафе по изборот да го испие со опозицискиот лидер, меѓутоа Мицкоски досега одбиваше средба.