Генералниот секретар на владата Драги Рашковски со жестока анти-западна реторика во своите студентски денови.
На ораторската вечер на правниот факултет „Јустинијан Први“, како студент во втора година, Рашковски одржал говор против членството на Македонија во НАТО кој потсетува на реториката на Садам Хусеин, Фидел Кастро, Хуго Чавез, Махмуд Ахмадинеџад,Муамер Гадафи и слободам Милошевиќ на кој Рашковски му восхитува во својот емотивен говор.
-НАТО уништува се што е вредно – вели Рашковски во својот говор.
Инаку во последниот извештај на ЦИА за руското делување, се вели дека Руските служби имаат инфилтрирано свои луѓе на највисоки државни позиции. Метологијата на делување на ФСБ е таква што најчесто се врбуваат млади студенти кои имаат проруски ставови и омраза кон западот и либералната демократија.
Инаку Рашковски оваа година беше во центарот на вниманието, затоа што во својата официјална биографија фалсификуваше дека има докторат. Ваквиот скандал беше разоткриен од неговиот голем пријател од студентските денови, професорот Димитар Апасиев, исто како и Рашковски, познат по своите анти-западни ставови.