Македонија 18. декември 2019. / 15:19

Рашиди: Се уште е рано да се даде оценка за работата на Пендаровски

Рашиди: Се уште е рано да се даде оценка за работата на Пендаровски

Се уште е рано да се даде оценка за работата претседателот на државата Стево Пендаровски, изјави пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците по денешното обраќањето на претседателот до пратениците во Собранието.

– За поздравување е фактот дека и после препораките на Венецијанската комисија околу Законот за јазици и самиот претседател истакна дека тој закон не е противуставен и со препорака до институциите дека треба да го почитуваат законот – изјави Рашиди.

Потенцираше и делови од говорот што се однесуваат на судството и заробената држава од минатата власт.

– Но, самиот факт дека даде препорака до идната власт да се занимава со судството, да се прочисти од такви судии е само признавање дека досегашната Влада не успеа серозно да се занимава со реформите во судството, а тоа поради фактот дека и во самата власт или Влада има еден фактор наследен од минатата власт, а која е голема пречка за вистински реформи во судството – изјави Рашиди.