Македонија 06. март 2020. / 11:54

Радуловиќ: На Боки му дадов чисти 150.000 евра

Радуловиќ: На Боки му дадов чисти 150.000 евра

Сведокот Александар Радуловиќ денеска опиша на кој начин и како на Бојан Јовановски му дал пари. Тој објасни дека ова се исклучиво приватни пари и немаат врска со нивната професионална соработка.

-Боки со неговото семејство беа кај нас дома во Белград. Бидејќи одеше на моден настан во Милано му дадовме пари да купи лекови за мојата сопруга како и гардероба. Се работи за скапа терапија која чини 12.000 евра месечно. Вкупно му дадов чисти 150.000 евра и Боки му ги даде на неговиот возач-објасни сведокот.

Тој нагласи дека многу пати му помагал и дека Боки нема никакви долгови кон него.