Македонија 14. ноември 2020. / 11:04

Радев: Бугарија не може да има безрезервна поддршка за членство на Македонија во ЕУ

Радев: Бугарија не може да има безрезервна поддршка за членство на Македонија во ЕУ

Претседателот на Бугарија, Румен Радев пред БНТ ја коментираше темата Република Северна Македонија, велејќи дека Бугарија мора да ја поддржува својата историја, јазик и идентитет, затоа што никој друг нема да го направи тоа.

„Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за соседство не води кон нив, имаме право да бараме други средства. Видете што направи Грција по тоа прашање“, рече Радев.

Тој додаде дека „Република Северна Македонија мора да одлучи дали ќе продолжи со омразата и идеологиите од минатото или ќе тргне кон демократска иднина“.

„За мене е важно што успеав да ја убедам бугарската влада дека не може да има безрезервна поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ. Бугарскиот парламент мора да донесе национална рамка која објективно ги брани нашите интереси“, рече Радев.