Македонија 12. септември 2019. / 15:49

Работна група од Собранието утре во службена посета на КПУ Затвор Скопје

Работна група од Собранието утре во службена посета на КПУ Затвор Скопје

Работната група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието утре ќе оствари службена посета на КПУ Затвор Скопје – Скопје.

Во придружба на групата, информираат од собраниската прес-служба, ќе биде и директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ, како и претставник од НДИ и од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Во работната група членуваат пратениците Фадил Зендели, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска.

Работна група е основана поради забелешките во Извештајот на Европската комисија за состојбата во затворите во Македонија, како и забелешките на пошироката јавност.

Групата има за цел согледување на состојбите во кои се наоѓаат овие установи и предизвиците со кои се соочуваат, а во насока на подобрување на истите.