Македонија 10. април 2020. / 15:52

Психолошка помош по телефон и за полициските службеници

Психолошка помош по телефон и за полициските службеници
Фото: Архива / Медицинска сестра и нејзиниот сопруг полицаец од Белград зборуваат на телефон

Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои психолози вработени во Министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства за полесно надминување на справувањето со состојбата со коронавирусот.

Телефонските броеви на кои можат да се јавуваат полициските службеници се 072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и тие ќе бидат отворени од 09 до 21 часот, а по потреба и по завршување на овие часови.

– Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во Министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства, велат од МВР.