Македонија 16. март 2020. / 18:22

Прво на мерење на температура па на состанок на Советот за безбедност

Прво на мерење на температура па на состанок на Советот за безбедност

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна седницата на Советот за безбедност на која ќе се разгледува ситуацијата со коронавирусот и мерките кои треба да се донесат врз основ на најновите анализи.

Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Пред почетокот на седницата на сите учесници, пред да влезат во салата медицинска екипа им мереше температура.