Македонија 09. декември 2020. / 17:03

ПРВИ 100 ДЕНА ВЛАДА: Ветено, но, не сторено! Уште едно фијаско!

ПРВИ 100 ДЕНА ВЛАДА: Ветено, но, не сторено! Уште едно фијаско!

Не се реалиирани клулчните ветувања на владата во првите сто дена од нејзиното работење, покажува аналиозата на редакцијата на „Лидер“.

Главниот изговор за неуспесите на владата е ковид пандемијата, но и кочницната која ја имаме во евроинтегративниот процес.

Од Владата пристигна соопштение според кое и покрај сериозните предизвици со кои се соочуваат, како што се коронавирусот и бугарското вето, овие сто денови на Владата сепак може да се сметаат како успешни денови за целата држава. Тие сметаат дека Македонија е на добар пат да ја совлада пандемијата со коронавирусот, и дека и покрај ветото од Бугарија, за сега имаат добра стратегија на реформи коишто ќе ја придвижат кон ЕУ и европските стандарди.

Министрите од Владата ќе даде отчет за работата на истата до крајот на неделава. Преостануваат неколку дена пред нас да видиме каков ќе биде отчетот и што министрите од Владата сработиле во овој период од нешто повеќе од три месеци.

Помеѓу главните ветувања на партиите од владејачката коалиција кои ги помниме, се неколку клучни реформи кои требаше да се спроведат и одлуки кои требаше да бидат донесени, но со кои на Владата ќе и биде многу тешко да се пофали. Конечното справување со криминалот и корупцијата, воспоставување на вистинска правна држава, како и реформи и ветинг кои беа ветени во судството требаше да бидат меѓу клучните работи кои требаа да и помогнат на Владата да го исполни главното ветување, а тоа е членство во Европската Унија. Се уште не може да знаеме што е причината за ветото од Бугарија: Дали тоа е недостатокот од спроведени реформи или сепак историјата која е спорна за соседна Бугарија. Ниту во полето на здравството и економијата Владата не може да се пофали со големи успеси. Македонија бележи една од највисоките стапки на смртност, а за економијата пред неколку дена дознавме дека е падната во рецесија.

Од опозицијата пак, се со дијаметрално различни ставови. Имено, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, верува дека овие сто дена се најлошите сто дена во историјата на современа македонска држава.

Според нив, Владата потфрлила во прашања за економијата, земјоделството, бизнисот и инвестициите, во грижата за животите на граѓаните, но и во прашањата поврзани со националниот идентитет, историјата и јазикот. Како што велат, загубена е довербата во правниот систем, не се испорачани никакви реформи и владеењето на коалицијата се базира врз криминал и лаги. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спасот од оваа ситуација е во формирање на широка влада, Влада на Национален Спас која ќе биде предводена и во која ќе учествуваат најспособните лица во државата.

Ниту партиите од албанскиот опозициски блок не се задоволни од работата на Владата во овие сто дена. Алијансата на Албанците предводена од Зијадин Села исто така стои на ставот дека оваа Влада нема исполнето ниту едно од дадените ветувања. Се чини дека опозициските партии имаат ист поглед кон иднината: Бидејќи ова е Влада на лагите, мора да поднесе оставка и мора да биде формирана широка влада.

Изгледа дека сепак обвинувањата на опозиција се издржани. Иако Владата ветуваше европска иднина и почеток на преговори со ЕУ до крајот на оваа година, Македонија доби вето. Премиерот Заев во својот говор за сто дена на Владата, тврди дека сепак совеста на Владата е чиста.

На денот на одбележувањето на стоте дена од формирањето на Владата, Заев испрати видео порака до македонските граѓани, во која напомена дека Владата останува посветена во изнаоѓање на решение во спорот со Бугарија, без да се оспорува македонскиот идентитет. Но, сепак дејствијата на Владата во овие сто дена даваат спротивен доказ. И после четири поминати години со ветување за датум за преговори со ЕУ, изнаоѓање на решение станува се понедостижно, а нашиот идентитет, јазик и историја стануваат се позагрозени.

Инаку Влада на РМ на 30-ти август Собранието ја избра со 62 гласа „за“. Во владејачка коалиција се СДСМ, ДУИ и ДПА кои заедно имаат 62 пратеника (СДСМ 46, ДУИ 15, ДПА 1). Тоа значи дека овие три политички партии ја споделуваат одговорноста за нереализираните ветувања.

Останува да видиме што ќе направи Владата до крајот на нејзиниот мандат. Едно е јасно: Доколку Владата сака да ги оствари стратешките цели треба многу повеќе да се посвети на она што го има зацртано.