Македонија 16. март 2020. / 10:22

Првата пациентка заболена од коронавирусот во Македонија денеска ќе биде пуштена дома

Првата пациентка заболена од коронавирусот во Македонија денеска ќе биде пуштена дома

Првата пациентка заболена од коронавирусот во Македонија, денеска ќе биде испуштена од Инфективната клиника и ќе продолжи на домашно лекување.

За оваинформираше министерот за здравство Венко Филипче кој истакна и дека сите луѓе кои со неа се возеле во автобусот и членовите од фамилијата со кои контактирала се тестирани и тие се негативни на коронавирусот.

Министерот во Утрински брифинг, посочи и дека таа е тестирана за коронавирусот и била негативна, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.