Македонија 02. октомври 2018. / 14:16

Прванов: Македонија нема да го промени името – Бугарија да побара нејзин прием во меѓународните организации

Прванов: Македонија нема да го промени името – Бугарија да побара нејзин прием во меѓународните организации

Состојбата во Македонија по референдумот деновиве е топ тема во соседството. Откако грчките медиуми во текот на вчерашнот ден излегоа со своите коментари и видувања, денеска став за проблемот изнесе и поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, (2002-2012).

Во интервју за бугарската телевизија БНТ, Прванов оценува дека „туркањето“ на договорот во парламентот, откако референдумот не го достигна потребниот цензус, не би резултирало со помирување и постигнување национален консензус, туку би ги заострило спротивностите.

Прванов коментира дека иницијативата за промена на името на Македонија нема да доживее успех и оти Бугарија би требало да се постави како фактор за надминување на кризата и во договор со македонската страна да побара прием на Македонија во меѓународните организации под нејзиното уставно име.