Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов во интервју за „24 часа” говорел за актуелните прашања меѓу двете земји како и за договорт кој го потпишаа Македонија и Бугарија.
– Се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма. – вели Прванов.
Тој смета дека дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја, „како тоа што го направија Грците“ и оти тој проблем е префрлен врз една комисија која нема мандат за такво нешто.
– За мене клучот на решението е да држиме до тоа дека Илинденското Преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населнието има бугарско сознание, зашто такви се целите на внатрешната револуционерна организација…Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер. – вели Прванов.