За денеска во 11 часот закажана е првата редовна седница на новата техничка влада во 2020 година и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.
Како што стои во соопштението од владиниот кабинет на седницата ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Македонија.
– Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата на Република Македонија, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Македонија, стои во известувањето.