Македонија 21. ноември 2018. / 22:43

Пругата од Битола до Грција ќе биде пуштена во употреба до крајот на декември

Пругата од Битола до Грција ќе биде пуштена во употреба до крајот на декември

Со изградбата на железничката пруга Битола-Кременица со должина од 16 километри, после 32 години ќе се воспостави редовен железнички сообраќај меѓу пелагонискиот регион и Грција.

Пругата е целосно завршена, а во тек е вториот дел од проектот, истакна при денешниот увид министерот Сугарески.

-Вториот дел кој треба да биде завршен, согласно роковите е до крајот на годината да се постави сигнализацијата, да биде инсталирана, бевме информирани дека ќе биде направено. Имаме сериозно задоволство затоа што еден блокиран проект како Влада кој го затекнавме, целосно беше одблокиран и согласно роковите кои треба да бидат се до крајот на оваа година ќе бидат завршени- рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Се работи и од другата страна, а оваа пруга ќе биде поврзана со целит железнички систем во Грција. Според вицепремиерот Анѓушев, тоа ќе овозможи и конкурентност на македонските производи.

-Ова е исклучително значајно особено за пелагонискиот, битолскиот регион. Ако сакавте да извезете стока со солунското пристаниште вие моравте да се вратите до Неготино, па потоа до Гевгелија. Сето ова ќе го поевтини транспортот на битолските производи и ќе ги направи поконкурентни, истакна Кочо Анѓушев- вицепремиер за економски прашања.

 

-За нас битолчани е битно што има крак што влегува во Индустриската зона Жабени, што претставува сериозна помош за стопанствениците од тој регион, но и мотивација за дозаживување односно привлекување нови инвеститори во ИЗ Жабени- истакна Наташа Петровска градоначалник на Битола.

Вредноста на инвестицијата е 17,2 милиони евра, од кои пест милиони се грант од Европската Унија, додека останатите средства се од буџетот на Република Македонија