Македонија 31. декември 2019. / 09:32

Промоција на новата Единица за интервентна полиција

Промоција на новата Единица за интервентна полиција

Во полицискиот центар Ѓорче Петров денеска ќе биде промовирана новата Единица за интервентна полиција формирана од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција Алфи и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт.

Новата единица ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука.

На настанот најавено е присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.