Македонија 05. октомври 2020. / 08:07

Променливо облачно со натпросечна температура

Променливо облачно со натпросечна температура

Променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се дижи од 9 до 16 степени, а дневната од 26 до 30 степени.

Попладне и утре ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме.

Од утре и особено на северот дневната температура ќе биде позначително пониска.