Македонија 30. април 2020. / 19:00

Променет возен ред за првомајските празници: Во сабота и недела возовите нема да сообраќаат

Променет возен ред за првомајските празници: Во сабота и недела возовите нема да сообраќаат

За време на првомајските празници, односно од 1 до 3 мај, патничките возови ќе сообраќаат со нов возен ред, соопштија од ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Во петок, 1 мај, ќе сообраќа возот број 640 од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот. Ќе сообраќа и возот број 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот.

Патничките возови нема да сообраќаат во Сабота и Недела .