Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред сè тука мислам на проф. Андревски, кој што е мој стратешки соработник кој работи на „Квинс“ Универзитетот во Канада. Тука е и г. Караско, кој што ист така е мојот стратешки соработник и тој учествуваше во изработката. И плус домашни експерти, професори како г. Славески, и луѓе од реалниот сектор да не ги заборавам – објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на 24 телевизија.
Мицкоски додаде дека се водело сметка да не се даваат ветувања што не би можеле да бидат исполнети. Во програмата има само реални проекти кои што ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги исполни во четиригодишниот мандат.
Мицкоски, исто така. посочи дека во програмата е предвидена и сегашната состојба со Ковид-19.
Се обидовме да нивелираме во бројките во овој меѓупериод. Кога зборувам за меѓупериод зборувам за кога беше Ковид пандемијата. Затоа што за волја на вистината не може да кажам дека е завршена. Бидејќи се уште трае. Се обидовме да ги нивелираме бројките, да антиципираме некои нови можни сценарија и цениме дека ова кое што го имаме напишано таму дека можеме да го испорачаме во следниот четиригодишен мандат – истакна Мицкоски.