Македонија 12. јули 2020. / 21:04

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е пишувана од експерти и професори, на СДСМ од пробисвети и самопрогласени независни пратеници

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е пишувана од експерти и професори, на СДСМ од пробисвети и самопрогласени независни пратеници

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за централниот дневник на ТВ „Сител“ порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е пишувана од експерти, академици и професори од земјата и странство, додека, пак, програмата на СДСМ ја пишувале пробисвети и оние самопрогласени независни пратеници изразени во бомби кои ги пуштаа, додавајќи дека не може да се изначуди на кое ниво се довело СДСМ на овие избори.

Ние навистина се обидувавме да биде кампањата колку што е можно по фер и мислам дека успеавме во тоа, арткулиравме наши позиции и ставови кои што се во рамки на проектите, развојот на државата, развојот и квалитетот на демократското општество и ценам дека програмата во тие 360 страни е прилично содржајна. За разлика од нас можам да кажам дека нашиот политички противник излегоа со програма би рекол со едно лице кое што јас разговарам на еден таков нелегално стекнат материјал кој што вие го нарековте „бомба“ и уште гледам една група, тоа се оние независна пратеничка група која што потекнува од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која што го снимала нашиот втор состанок и таму апсолутно нема ништо кое што јас веќе го немам кажано во јавноста, истото тоа им го имам и нив пренесено. Така што нашата програма ја создаваа академици професори експерти од земјата и странство, додека програмата на нашиот политички противник е создавана од она лице со кое што разговарам и овие 8темина од независната пратеничка група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И навистина не можам да се изначудам на кое ниво се доведе СДСМ на овие избори – нагласи Мицкоски.