Албанските партии на власт и во опозиција треба да побараат да се прогласи фискална автономија на така наречените албански општини, со цел парите да остануваат во општините со мнозинство албанско население, бара универзитетскиот професор Башким Селмани.
Тој во емисијата “99 минути“ на телевизија Клан Македонија истакна дека тие како етникум ги изгубиле поголемиот дел од шансите за остварување на нивните целосни права и дека единствено што сега им останува е прогласување фискална автономија, со цел да ги задржат Албанците и да го спречат нивното иселување од државата.
– Сега на албанската позиција и опозоција им останува само едно нешто. Според податоците кои ги имаме, сега веќе сме во многу тешка економска состојба. Секој граѓанин веќе го заборавил етничкиот и национален идентитет, затоа што се е загрозено од економскиот аспект. Затоа ние треба да побараме да се прогласи автономија фискална, со која си пари ќе остануваат во албанските општини. Ако ова не се случи тогаш ви гарантирам дека нема да остане Албанец низ нашите општини, рече универзитетскиот професор Селмани.