Професорот по меѓународно право Игор Јанев кој долги години се занимава со прашањето на името јавно побара поддршка за својата колешка Гордана Сиљановска Давкова.
Јанев кој предава на Институтот за меѓународна политика во Белград и кој се залага името да се реши во системот на Обединетите Нации од македонските граѓани бара да се гласа за Сиљановска.
Предходно дел од медиумите пренесоа изјава на Сиљановска која вели дека е во контакт со водечкиот македонски експерт за Обединетите Нации.
Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија.
Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд – Харвард) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно право и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS.
Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).