СЈО и натаму продолжува со до сега невиден и нечуен правен линч против некогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Не знам врз основа на кое право постапуваат и натаму изигруваат главни вештерки во “таргетираниот лов на вмровците”, веројатно тие мислат дека прават корисни дела со почитување на вселенското право, ама еден факт до сега остана неспорен-СЈО никогаш не успеа да се наметне во јавноста како авторитет со своето “професионално” делување!
Јавноста и натаму, ако не и посилно сега, го перципира СЈО како тело на правно неуки госпоѓи и тук-таму по некој господин кои освен што дрско и безобразно се однесуваат кон странките, освен што згазија врз основните човекови права на многумина и што ги понижуваат луѓето кон кои постапуваат, друго ништо салам немаат сработено. Освен парите што ги потрошија! Е тоа им е салам!
Чаламот и натаму им останува заштитен знак!
Сите во Македонија сме ЗА гонење на сторители на криминал, сите сме ПРОТИВ криминал и корупција, но правосудните постапки што се преземаат и водат мора да бидат беспрекорни, мора да бидат крајно професионални, независни од политички, партиски и странски влијанија и диктати. Мора да бидат правични и во согласност со правото!
Како што за нивната романска колешка Ковеси веќе е отворена постапка за отповикување, така се надевам дека час поскоро Катица и нејзините недозреани во професионална смисла колешки ќе мора да бидат ставени на одговорност. Пред суд се разбира.
Против Ковеси е веќе отворена постапка од министерот за правда за нејзино отповикување и утврдување на одговорност.
“Никој не смее да биде над Уставот и законите во земјата, никој не смее дискреционо да се однесува, да оспорува одлуки на Влада и на Собрание”, рече министерот за правда на Романија на прес-конференцијата.
Прашањето ми е како ние да се ослободиме од овие нестручни и неуки правнички кои се замислуваат дека Господ го фатиле за брада!!!
Со нивно внесување во редовното обвинителство како што тие бараат ништо не правиме!
Со нивна одговорност пред Уставот и законите, многу ќе направиме!!!