Македонија 26. јануари 2019. / 12:01

Проф. Котеска: Само наивните не гледаат дека Македонија стана плен за соседите

Проф. Котеска: Само наивните не гледаат дека Македонија стана плен за соседите

Ратификацијата на Преспанскиот договор е катастрофа. Во најдобра варијанта ќе добиеме членство во воена алијанса и ништо друго, а Грција некоја помош, е ставот на професорката Јасна Котеска.

Таа смета дека Даниелсон, Жбогар и цела ЕУ бирократија во ниеден момент од 2017 не криеле дека Преспа и’ треба на ЕУ за да се заштити од т.н, „источна закана“ со која професорката претпоставува дека мислат на Руската Федерација.

Разумен човек во ваква ситуација не верува на ЕУ тренирани аналитичари од Бугарија, Албанија, Србија, Грција. Ова историски е ситуација кога РМ станува плен за соседи. Само наивен човек не го гледа ова, предупредува Котеска.

За која Ципрас и Сириза се деца на Подемос односно тие се идеолошки тренирани повеќе од 10 години за овој тип „левичарство“ кое служи исклучиво за ЕУ интереси.

Котеска потсетува дека на грчкото Собрание му требале 70 години од говорница да обзнани дека постоел егзодус над илјадници Македонци.

А Република Македонија реагира со паѓање во несвест за обзнанување едноставен историски факт, забележува професорката која на македонските граѓани им испраќа Поздрав и им посакува да продолжат со лесно.