Македонија 11. мај 2020. / 10:48

Проф. Кирил Топалов: Со браќата во Македонија имаме заеднички етнички корени и до 44-та сме биле еден народ

Проф. Кирил Топалов: Со браќата во Македонија имаме заеднички етнички корени и до 44-та сме биле еден народ

Кога во Македонија има предизборна кампања, главен аргумент, што носи најмногу плусови кај партиите, е антибугарската кампања. Тоа е целосен апсурд. Тоа се наши браќа, наши братучеди, секој трети Бугарин има потекло од таму, вкулучувајќи се и јас.

Ова утрово го изјави проф. Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за учебниците и прашања од историјата, гостувајќи во утринската емисија на БТВ Новините. Повод беше најновата книга на БАН за „северномакедонскиот јазик“ како  регионална форма на бугарскиот, но и одговорот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

-Бугарскиот јазик функционира над 1.000 години, така што македонските 75 не можат да бидат убедлив аргумент, дотолку повеќе што нашите научници го докажале тоа. Ова не е прв обид на Академијата да го докаже нашето право со браќата македонци. Од нашите лингвисти во 1979 година излезе слична брошура. Во 1969  година беше исто подготвена таква брошура и отпечатена во мал тираж за внатрешна употреба. Независно од нашата политичка стагнација тогаш и што нашиот однос беше диктиран од Големиот брат (СССР-бел.р.), нашите научници сепак беа на место, изјави Топалов.

Одговарајќи на прашањето дали може да биде надминат спорот и од другата страна на границата да ја прифатат вистината дека македонскиот е регионална форма на бугарскиот јазик, Топалов потенцира дека никогаш во еден спор, ниту една од двете страни не може да постигне стопроцентен успех.

-Зашто, како што знаеме, македонизмот е создаден од Коминтерната по наредба на Сталин за да се подели Бугарија и на крајот успеваат да ја создадат таа држава Македонија. Ние велиме колку е тажно што Македонија е оделена од Бугарија, а од друга страна треба да се радуваме што не се оделени и Добруџа и Тракија. Но, во нашите напори да докажеме дека ние имаме заеднички етнички корени и дека до 44/45-та година сме биле еден народ и дека од таму натаму веќе се раѓа, на кој и да било начин, македонски државен идентитет, со еден јазик, што навистина е една регионална норма на бугарскиот јазик, изјави Топалов.

Осврнувајќи се на Рајко Жинзифов, Григор Прличев и други имиња од преродбата, Топалов забележа:

-Никој од нив не се сметал за Македонец или ако се појави нешто како Македонец или Македонија тоа е како географски поим, како што има тракијци, како што има добруџанци, но македонска национална свест, како што сега се обидуваат да не убедат нашите колеги од другата страна на границата, такво нешто немало.