Македонија 21. октомври 2019. / 14:16

Проф. Иван Илчев: За промена на учебниците во Северна Македонија ќе бидат потребни 4-5 години

Проф. Иван Илчев: За промена на учебниците во Северна Македонија ќе бидат потребни 4-5 години

За промена на учебниците по историја во Северна Македонија и нивното прочистување од неточни и навредливи квалификации за нашата држава и во најоптимистички услови ќе бидат потребни 4-5 години, изјави проф. Иван Илчев, член на бугарскиот дел од Заедничката комисија по прашања на историјата и учебниците во утринската емисија за телевизијата „Bulgaria ON AIR“.

Илчев повтори дека на последната средба на Заедничката комисија во Охрид одново камен на сопнување била личноста на Гоце Делчев и содржината на текстот, што требала да се подготви.

-На крајот, ние дадовме еден предлог, што беше целосно прочистен од идеолошки преклопувања и во приватните разговори тој беше прифатен од двајца членови на македонската комисија, но тие не можат да влијаат на другите, а чесно кажано не знам и какви инструкции им биле дадени. Според мене, им се даваат политички инструкции, дали од владата, дали од некои кругови, тешко е да се каже, објасни Илчев.

Запрашан да објасни од кои кругови, професорот само дополни „од оние кои не сакаат таква политика на зближување меѓу Северна Македонија и Бугарија“.