Македонија 17. октомври 2018. / 10:22

Продолжува седницата за утврдување на потребите за уставни промени

Продолжува седницата за утврдување на потребите за уставни промени

Собранието на Македонија денеска во 12 часот треба да ја продолжи седницата на која се расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени.

Пратениците од парламентарното мнозинство и опозицијата и вчера, на вториот ден од расправата, останаа на своите ставови „за“ и „против“ уставните измени.