Македонија 03. ноември 2018. / 10:43

Продолжува петицијата: Кавадарчани против загадувачката индустрија

Продолжува петицијата: Кавадарчани против загадувачката индустрија

Продолжува петицијата против цинкара во Кавадарци, Советот на градот закажа вонредна седница за во вторник. Единствена точка на дневниот ред е разгледување на барањето од Министерството за животна средина и просторно планирање за изведување на проект „Нови линии за проширување на асортиманот на производи и линии за нови производи во општина Кавадарци”, согласно интересот на кавадаречки инвеститор.

– Ја покренавме оваа петиција против цинкара која се планира многу близу до градот. Се плашиме за сопственото здравје. Поддршка ни дадоа претставниците на двете најголеми политички партии преку одделни прес-конференции, а меѓу потпишаните на нашата петиција се и советници од Советот. Доколку не се стопира оваа работа, ќе преземеме и други мерки -рече за МИА Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво „Еко-живот”.

Кавадарчанецот Горан Сами вели дека на Кавадарци не му е потребна уште една загадувачка индустрија, бидејќи градот е на врвот по загадување во државата.