Во последното деноноќие повторно имаше големи бројки на нови случаи на заразени со корона вирусот во Македонија. Регистрирани беа 87 нови случаи на заразени, со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 3.239. Досега починаа 157 луѓе, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.
Најголем број дијагностицирани 1.373 има во Скопје, потоа следат Куманово со 568, Тетово со 301, Штип со 223, Прилеп со 218 дијагностицирани и 25 активни случаи…
Заклучно со податоците активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2.
Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери истакна дека 60 отсто од вкупниот број активни случаи во градот се асимптоматски.
Во последниве денови имаме многу такви случаи, кои се асимптоматски и кои може полесно да ја шират болеста. Да ги почитуваме мерките, да ја држиме физичката дистанца, да не се групираме и да носиме заштитни маски – порача д-р Зибери.