Македонија 21. април 2020. / 11:26

Приведеното момче со кучето се јави: Знаев дека сум повеќе од сто метри од дома, бев кај другар

Приведеното момче со кучето се јави: Знаев дека сум повеќе од сто метри од дома, бев кај другар

Откако вчера една од главните вести беше онаа за видеото на кое пoлициjaта апcи момче кое го шетало својот миленик, главниот протагонист во приказната ја раскажа и својата страна од приказната и притоа разреши дел од шпeкулaциите за можните причини за таквиот потег на пoлициjaта.

Се работи, наводно, за момче по име Боби, а од вчера неговото објаснување циркулира по социјалните мрежи. Еве што пишува тој:

-Значи искочив од кај другарче во 14:50, терминот за со миленик е во 15:00. Јас бев кај другарчето уште од сабајле кога беше тајмингот во 8 – 8:30. И чекав 15 часот за да си одам дома. 500 – 600 метри од дома плус тие 100 што се како дозволени, и ме застанаа. Најкултурно си застанав, „добар ден – добар ден“, им кажав што е како е. Знаев дека сум повеќе од 100 метри, ама со надеж дека го чекав тајмингот 3 саат и дека би ме сфатиле. Си одам дома, не сум 5 километри, башка со кучето си бев, ама они се запнаа како демек лажам јас којзнае што правам. Другарчето ме испрати, фрли ѓубре, они го избркаа као „бриши дома одма“, и тоа беше воглавно. Во станица го пишав истово и инспектоpoт ми рече ко демек oбвинитeлката треба да одлучи според изјавата колкава казна ќе ми одреди, па ќе ми стигнела, а никаков лист не ми дадоа, ни потврда. Не очекував дека ќе испадне вака, насекаде по интернет, дури и на ТВ. Е сега не знам, очекувам дека можеби утре ќе ме побараат да одам до станица, не знам, пишува Боби.