Поранешиот спикер Трајко Вељановски е приведен за настаните од 27 април, потврдија од Обвинителство за „Фокус“.
На Вељановски во обвинителството ќе му се презентира што му се става на товар, но тој вечерва не може да биде ставен во притвор бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.
Покрај Вељановски, денеска во обвинителството за крвавиот четврток приведени се уште двајца осомничени со иницијали М.Ј. и С.Р., за кои засега не го откриваат идентитетот.
Исто така, од обвинителството за „Фокус“ информираа дека во моментот се трага по уште два лица, за кои исто така не откриваат кои се.