Поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски, е приведен во полиција. Според првичните информации Поповски е во полиска станица во Скопје, а во меѓувреме Обвинителството треба да донесе одлука за понатамошната постапка против него.
Покрај Андреа Поповски, приведени се и најмалку 4 други вработени во Централниот регистар, кон кои се очекува да бидат преземени понатамошни мерки.
Нема информации за делото што го сториле овие лица, но претходните сомневања зборуваат за злоупотреба на службената должност и овластување.