Вчера околу 21 до 22 и 50 часот, по претходна судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај Б.А.(44) од село Ваксинце при што се пронајдени 14 лица мигранти.
Тој бил лишен од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен содветен поднесок.
Мигрантите биле префрлени во прифатниот центар Табановце, од нив шест се од Индија и по четири од Пакистан и Авганистан.