Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, соопшти дека Кирил Лазаров, бизнисменот и сопственик на агенцијата за обезбедување НИКОБ донел одлука секој работен ден по 50 вработени во две смени од неговата компанија да помагаат во расчистувањето на штетите предизвикани од пожарот во трговскиот центар „Глобал“.
– Мои сограѓани сакам да ви соопштам една добра вест. Остварив телефонски разговор со сопственикот на компанијата НИКОБ, Кирил Лазаров информиран сум дека ставаат на располагање 2 смени од по 50 луѓе, до конечно расчистување на ТЦ Глобал. Благодарност до вработените и до сопственикот на НИКОБ, што во ова време на дело ја докажуваат солидарноста, соопшти Костадинов.
Инаку Лазаров е познат струмички бизнисмен.