Македонија 04. октомври 2018. / 10:55

Приватна агенција за обезбедување ќе ја обезбедува Владата за три милиона евра

Приватна агенција за обезбедување ќе ја обезбедува Владата за три милиона евра

Агенцијата за обезбедување НИКОБ била најповолен понудувач на три милионскиот тендер на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во наредните три години, стои на веб страницата за јавни набавки, објавено на почетокот од седмицата.

Од трите фирми кои се пријавиле, две биле одбиени и НИКОБ останала единствен наддавач на електронската аукција, па така Владата предводена од СДСМ, којашто во минатото постојано знаеше да обвинува дека властите на ВМРО-ДПМНЕ правеле своите „приватни“ компании за обезбедување.

Компанија НИКОБ ДОО ќе ги обезбедува органите на државната управа за вкупно 3,07 милиони евра, ја доби оваа услуга на тендер, а договорот ќе го склучи со Службата за општи и заеднички работи на Владата. Двете страни договорот го склучија завчера на 2-ри октомври. Услугата што „НИКОБ“ ќе ја дава опфаќа физичко обезбедување односно физичка заштита на имотот на државните органи во нивните објекти, заштита од пристап на неповикани лица и други форми на штетни дејствија како и заштита и обезбедување на личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа. Услугата на „НИКОБ“ опфаќа и надзор врз видео камерите во објектите и одржување на редот во просторот што се обезбедува.

Целиот назив на НИКОБ, всушност е „Национална агенција за обезбедување на лица и имот“, од каде и произлегува акронимот, а чиј основач и сопственик, македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, е на чело на Македонско-бугарската стопанска комора во следните две години. Покрај тоа, оваа компанија, којашто од самото нејзино основање важи во јавноста за блиска до СДСМ, е познато и дека била повеќекратно евидентиран должник во минатата 2017 година по основ на неплатени даноци кон државата, што во еден период достигнувал износ од вкупно долг по основ на данок на добивка, ДДВ и персонален данок од 47.127,512,00 денари.

Симптоматично, исто така, е и што НИКОБ во април оваа 2018 година веќе имаше објавено оглас за ангажирање на нови 500 работници. Симптоматично е тоа што откако претходно во февруари годинава агенцијата го добива тендерот за 24-часовно обезбедување на скопската општина Ѓорче Петров за околу 140 илајди евра, речиси половина година подоцна, во септември, е избрана, најверојатно, како најдобар понудувач и за услугите во Град Скопје, во износ од 125 илјади..

Една од агенциите поднеле жалба на тендерската документација со образложение дека условите и критериумите се спротивни на Законот за јавни набавки, взаодат кон дискриминација и ограничување на конкуренцијата, односно дека се фаворизираат конкретни фирми. Како што се дознава, постојат многу забелешки за овој тендер, меѓу која е и дека СОЗР не смеела да постави како критериум фирмите да имаат минимален годишен приход кој двојно ја надминува вредноста на тендерот. Сепак, наддавањето продолжило без да се запре постапката и да се чека да одлучи Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Изминатата седмица беа избрани се најповолни понудувачи на тендерите за хигиена и за тековно одржување на државни објекти за наредните три години. За хигиената е избрана „Серта”, а за одржувањето „Бапал Благој”, а проценетата вредност на овој тендер беше вкупно 6,3 милиони евра. „Триста груп” пак беше избрана како најповолен понудувач за хортикултурно одржување, со набавка проценета на 660.ооо евра.