Македонија 09. април 2020. / 16:10

Притвореник позитивен на корона вирус починал во затворот во Шутка

Притвореник позитивен на корона вирус починал во затворот во Шутка

Во затворот во Шуто Оризари починал притвореик којшто бил позитивен на корона вирус.

Притвореникот, кој починал од срцев удар, немал симптоми на корона вирусот, но обдукцијата покажала дека тој е позитивен.

Обдукцијата покажала дека притвореникот од затворот Шутка е позитивен на коронавирусот и сега се прават епидемиолошки анкети на сите оние кои биле во близок контакт со него – информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот потврди дека позитивен на Ковид-19 бил и штитеникот во Домот за стари лица во Битола.

– Што се однесува на штитеникот во Домот за стари лица во Битола, добивме потврда дека е позитивен на Ковид-19. Земени се примероци од сите вработени во Домот и сега се прават епидемиолошки анкети на сите лица кои биле во контакт со заразениот – изјави Филипче.