Притворениците од истражниот затвор за утре најавуваат протест откако вчера почина 23 годишен притвореник кој бил во „Шутка“ од 18 декември, дознава „Сител“.
Тие за ,,Сител” тврдат дека притвореникот бил сместен во истиот блок каде пред една недела почина притвореник за кој беше потврдено дека има корона вирус.
Велат дека нема никакви услови во казнено поправната установа, немале заштитна опрема, а не биле тестирани за коронавирусот тку само им била измерена температура.
Според директорт на затворот, Есад Рахиќ, момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот, но во 16 часот не можел да се разбуди. Вели дека телото е предадено на обдукција и очекува таа да ги открие причините за смртта.
Рахиќ ги демантира дел од објавите во некои медиуми, кои го поврзуваат со случајот од пред една недела кога исто така почина притвореник а подоцна се утврди дека бил позитивен на корона вирус.
Според Рахиќ, во затворот се правени брзи тестови и на вработени и на притвореници кои би можеле да бидат во некаква комуникација со претходно починатиот и засега нема ниту еден позитивен на Ковид 19, пишува ,,Сител”.