Македонија 16. април 2020. / 15:07

Припадници на АРМ ќе помагаат во одржувањето на редот во Скопје и другите градови

Припадници на АРМ ќе помагаат во одржувањето на редот во Скопје и другите градови

Припадниците на македонската Армија ќе помагаат во одржувањето на редот во Скопје и во повеќе други градови во Македонија. Ова денеска го најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска која рече дека армиските припадници ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на МВР и на единиците на локална самоуправа во сите општини каде што таа помош беше побарана.

Можам да најавам дека припадниците на Армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно Општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита, изјави Шекеринска.

Таа нагласи дека Армијата во помош за справување на ширењето на корона вирусот и кризата воопшто е ангажирана во повеќе сегменти.