Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, апелира до банките да ја засилат редарската служба за да не се случуваат сликите пред банките со огромни редици на збиени граѓани пред влезовите.
Според Јованоски, невозможно е да имаме слики на турканици и редици и покрај сите мерки и препораки.
Не може да поверувам дека покрај сите апели, мерки, се случуваат такви турканици пред банките и маркетите. Станува збор за одговорност на банките, но и на институциите. Апелирам до редарските служби на банките да се избегнат ситуациите на турканиците пред влезовите. Ги упатив сите комунални редари од општината, заедно со полициско засилување, да се намалат турканиците. Но, за жал и покрај сето тоа, не се намалија турканиците – изјави Јованоски барајќи од банките да го регулираат тоа и да најдат начин да нема турканици.
Јованоски го повторува апелот до граѓаните да не се туркаат, да држат растојание и да се придржуваат на мерките.
Тој информира дека се дезинфицирани сите улици во градот. Дезинфекцијата продолжи во време на полицискиот час и ќе ги опфати сите институции.
Со оглед на тоа утре мерките се заоструваат и полицискиот час ќе почне во 16 часот, ќе се знае кои маркети ќе работат за да се доставува храна и продукти во домовите на прилепчани.